Екипата на Манчестер сити е последниот полуфиналист на англискиот ФА куп, откако со пресврт го совлада Борнмут со 1-2. Мечот започна лошо за „граѓаните“, бидејќи Ерлинг Халанд се посрамоти во 14-тата минута, кога не успеа да реализира пенал, односно домашниот голман, Аризабалага, успеа да го одбрани неговиот удар, а само седум минути подоцна Еванилсон погоди за водство на Борнумт од 1-0.
Во второто полувреме следуваше комплетен пресврт на Манчстер сити. Токму Ерлинг Халанд во 49-тата минута израмни на 1-1, а победата и пласманот во полуфиналето ја донесе Омар Мармуш во 63-тата минута.
Противник на „граѓаните“ во полуфиналето ќе им биде Нотингем форест, додека другата двојка ја сочинуваат Кристал палас и Астон вила.