Манчестер сити без многу проблеми славеше со 3:1 против Астон вила и тоа со погодоци дадени во првото полувреме. Родри ја отвори серијата погодоци уште во четвртата минута, а потоа погодуваа и Гундоган по асистенција на Халанд и Марез во 45 минута од пенал.
За многумина беше чудно зошто токму Марез го шутираше пеналот, а не Халанд кој досега беше прва опција за шутирање на пеналите, но и покрај промената на изведувачот, реализацијата беше одлична.
На полувремето, во соблекувалната остана Халанд. Првично беше дека Халанд треба да се чува за дербито против Арсенал кое ќе се игра в среда, но подоцна стигнаа информации од Англија, дека Халанд се жали на боли во бутниот мускул на ногата.
🚨| Erling Haaland has gone off injured with a thigh injury. pic.twitter.com/OZGGWrPoTC
— Football Daily (@footballdaily) February 12, 2023
Во вториот дел, Астон вила преку Воткинс намали на 3:1, но тоа беше премалку за гостите од Бирмингем да се спасат од пораз.
Манчестер сити сега има 48 бодови, три помалку од лидерот Арсенал, кој има и меч помалку. Во трка за титулата може да се вклучи и Манчестер јунајтед кој е трет со 46 бодови, додека Њукасл на четвртото место има 41 бодови.