3.8 C
Skopje
среда, 3 декември 2025

Сити повтори подвиг од 1957 година, Фулам се присети на болниот пораз од 1952 година

Феноменален меч одиграа Фулам и Манчестер сити, а на крајот славеа гостите со 5:4. Граѓаните водеа со 5:1, а на крајот Фулам стигна до 4:5, но домаќините не се спасија од пораз.

„На 5-1 сите мислевте дека е завршено. Ги напишавте вашите статии. ‘Утре, Манчестер Сити се враќа… конечно’. И потоа, во ѓубре – мораше да почнете одново“, рече Гвардиола веднаш по мечот, а потоа додаде: „На 4-5 повеќе го гледав часовникот отколку натпреварот“, додаде стратегот на Сити.

Манчестер сити само вторпат во клупската историја победува на првенствен меч на кој примил четири гола. Претходно тоа се имаше случено само во декември 1957 година, кога исто така со 5:4 победи над Шефилд вензди.

Од друга страна, Фулам вторпат во клупската историја губи дома во дуел на кој постигнува четири гола. Првиот пат тоа било во далечната 1952 година во септември, кога со 4:6 лондонскиот тим загубил од Лестер.

- Оглас -

Најнови вести