Сити пред 10 години прв пат заигра во ЛШ, кој беше тогаш составот на Граѓаните?

Манчестер сити до пред 15-тина години беше просечен клуб во Англија, без квалитет за висок пласман, а не па да размислува за освојување на титули. Сепак, кога во клубот дојдоа новите газди, арапските богаташи решија да создадат клуб кој ќе биде на највисоко ниво, не само во Англија туку и во Европа.

Не беше лесно Сити да влезе во елитата. Потребни беа неколку години за да влезе во Лигата на шампиони. Пред помалку од 10 години се случи Сити прв пат да заигра во групната фаза од елитното натпреварување на УЕФА. Тоа беше на 11 септември 2011 година, кога Сити на свој терен играше против Наполи. Мечот заврши 1:1.

Во групата од пред 10 години, Сити беше и со Баерн Минхен и Вилјареал, а по шестте одиграни кола не успеа да се пласира во нокаут фазата и продолжи во Лигата на Европа. Сити не се откажа од сонот да стане европски гигант, па по точно една деценија, сега е во финалето од Лигата на шампиони.

Интересно е дека Серхио Агуеро е единствениот играч кој во сите овие години беше дел од Сити. Аргентинецот играше и на првиот меч против Наполи во 2011 година, а вечерва треба да биде во составот во финалето против Челзи. За Агуеро тоа ќе биде и последен дуел во дресот на Сити, затоа што од следната година ќе игра за Барселона.

Во првиот меч за Сити во Лигата на шампиони против Наполи играа:

 

- Оглас -

Најнови вести