Сити преку официјално соопштение потврди дека не сака да е дел од Суперлигата

Манчестер сити преку официјално соопштение на својата интернет-страница потврди дека се откажува од идејата за формирање на европска Суперлига (ЕСЛ). Граѓаните беа втори кои реагираа, веднаш по Челзи, дека се откажуваат од идејата за создавање на првенство кое треба да ја сруши Лигата на шампионите.

„Фудбалскиот клуб Манчестер сити може да потврди дека формално ги донесе процедурите за повлекување од групата за развој на плановите за европска Суперлига“, стои во соопштението на Манчестер сити.

Претходно и газдата на Челзи, Роман Абрамович, го направи истиот потег. Од останатите екипи кои го потпишаа договорот за формирање на Суперлигата, Манчестер јунајтед и Јувентус останаа без претседателите кои поднесоа оставки поради неуспехот за формирање на лигата, додека Жоан Лапорта од Барселона потврди дека навивачите на Каталонците сами ќе одлучат дали се за влез во новоформираната лига.

 

- Оглас -

Најнови вести