Сити прими пет гола на последните два меча и веднаш мораше да купи нов дефанзивец

Англискиот првак Манчестер сити со три победи и едно реми стартуваше во новата сезона во Премиер лигата и е веднаш зад лидерот Арсенал, кој е со перфектен биланс. Сити игра добро и во просек постигнува повеќе од три гола на меч, но проблем е одбраната.

На последните две средби, Граѓаните примија дури пет гола, што е недозволиво за тим кој сака да биде првак. Против Њукасл одигра 3:3, а потоа славеше со 4:2 над Кристал палас. Откако забележа дека дефанзивата не му е на врвно ниво, тренерот Пеп Гвардиола реши да доведе уште еден фудбалер.

Во Сити пристигна Мануел Акањи од Борусија Дортмунд, и тоа за трансфер вреден 17,5 милиони евра. Акањи треба да биде од помош на Дијас, Стоунс, Аке и Лапорта кои се во стоперската линија.

Акањи има над 40 настапи за швајцарската репрезентација, а пред да игра за Борусија, бил член на Базел и Винтертур.

- Оглас -

Најнови вести