Фудбалерите на Манчестер сити испуштија два гола предност против Тотенхем и ремизираа на „Вајт Харт Лејн“ со 2-2.
Сити по првото полувреме имаше двојна предност благодарение на головите на Шерки и на Семењо, но во второто полувреме Соланке излезе како херој со два гола за домаќините.
Со ова, Сити ја пропушти шансата да го задржи темпото со Арсенал, кој сега има шест бода предност и е се поблиску до титулата.
Сити доминираше во првото полувреме, а веќе во 11-тата минута Халанд го проигра Шерки, кој од тежок агол погоди во далечниот агол за 0-1.
Во 44-та минута Сити дојде до вториот гол. Родри изврши одличен пресинг, топката стигна до Бернардо Силва, кој ја одложи до Семењо, а тој погоди за 0-2.
Сепак, во второто полувреме Тотенхем беше далеку подобар. Удоги имаше прва голема шанса, Симонс му ја остави топката, а бекот на Тотенхем шутираше кон првиот агол, но Донарума одбрани.
Во 53-тата минута Тотенхем го намали резултатот, иако останува нејасно зошто судијата не ја виде ситуацијата кога Соланке ја промаши топката и ја удри Гехи, а таа заврши во мрежата.
Тоа целосно го промени текот на натпреварот. Тотенхем продолжи да напаѓа, а во 70-тата минута Соланке изведе мајсторија. Галагер заврши најголем дел од работата, продре по десната страна и центрираше, а Соланке во пад со петица ја префрли топката над Донарума за 2-2.
Тотенхем продолжи да напаѓа, а Донарума ги спасуваше Сити, прво со нога ја одбрани шансата на Одобер, а потоа и обидот на Чави Симонс, па резултатот остана непроменет.
Во финишот Сити повторно ја презеде иницијативата, а резервистот Рејндерс имаше два обида со глава, но без ефект.

