14.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Сити против Челзи ќе ги штеди силите за финалето во Купот

Манчестер сити утре ќе гостува во Лондон против Челзи, во дербито на 31-вото коло од Премиер лигата. Доколку Ливерпул вечерва го победи Кристал палас на „Енфилд роуд“, а Сити не ги освои трите бода на гостувањето кај Челзи, фудбалерите предводени од Јирген Клоп ќе може да започнат со славење на титулата која во клубот се чека точно 30 години.

Сити во останатите мечеви од првенството е речиси без мотив затоа што Граѓаните само рутински треба да го одбрант второто место, а за шампионскиот трон немаат шанса. Затоа Гвардиола најави дека утрешниот дуел против Челзи не е на менито на „важни дуели“. Многу поважен дуел за Сити ќе биде неделното финале во ФА купот против Њукасл.

Сити во еден од најлошите моменти остана без повредениот Серхио Агуеро, па фактички како единствен класичен напаѓач го има Габриел Жесус. Бразилецот нема да игра против Челзи за да биде одморен за финалето против Њукасл. Тоа може да се случи и со уште неколку клучни играчи за утрешниот меч во Лондон.

„Морам да признаам дека со мислите веќе сме на дуелот против Њукасл. Секако дека и средбата против Челзи ни е важна, но, сепак, финале е финале и тоа ни е приоритет. Што се однесува до Габриел, не може еден играч да игра во ист ритам на секои три дена. Потребно му е одмор. Во нападот може да играат и Гундоган или Бернардо. Мораме да ги распределиме силите за пренатрунениот распоред“, објасни Гвардиола.

 

- Оглас -

Најнови вести