Сити против традицијата: Последните седум дебитанти го загубија финалето

Манчестер сити е голем фаворит на хартија во пресрет на вечерашното финале во Лигата на шампионите. Граѓаните како нови шампиони на Англија за првпат во клупската историја ќе се борат за европскиот пехар против Челзи, тим кој за нијанса има повеќе искуство во ваква ситуација.

Како што е познато ова е прво финале за Сити во Лигата на шампионите, додека Сините од Лондон по третпат ќе се борат за титулата, а учинокот во претходните две финалиња им е еден пораз од Манчестер јунајтед во 2008 година и победа на пенали против Баерн Минхен во 2012 година.

Податок и традиција кои не се во полза на Сити е фактот што последните седум дебитанти во големото финале не успеаја да застанат на европскиот трон.

Овој тренд започна на почетокот од 21 век, односно во сезоната 1999/00 со пораз на Валенсија од Реал Мадрид, а последен дебитант кој го загуби финалето беше ПСЖ во ланската сезона против Баерн Минхен.

Сезона 1999/00 Валенсија 0-3 Реал Мадрид

Сезона 2001/02 Баер Леверкузен 1-2 Реал Мадрид

Сезона 2003/04 Монако 0-3 Порто

Сезона 2005/06 Арсенал 1-2 Барселона

Сезона 2007/08 Челзи 1-1 (5-6 на пенали) Манчестер јунајтед

Сезона 2018/19 Тотенхем 0-2 Ливерпул

Сезона 2019/20 ПСЖ 0-1 Баерн Минхен

Иако Манчестер сити нема искуство во ваква ситуација, тоа го поседува Пеп Гвардиола кој има 100% учинок со Барселона и две освоени титули во исто толку настапи во големото финале.

- Оглас -

Најнови вести