Сити се активира на пазарот – Понуда од 70 милиони евра за играч на Атлетико

Шампионот на Англија, Манчестер сити ги прави првите обиди да го засили тимот за следната сезона. Прва мета на Пеп Гвардиола е играчот за врска на Атлетико Мадрид, Родри. Неговата клаузула изнесува 70 милиони евра, а Сити веќе испрати официјална понуда со споменатата сума, така што на Јорганџиите им се врзани рацете.

Многу веројатно Родри ќе ја прифати понудата, а останува клубот од Манчестер да му понуди услови на Шпанецот. Тој би претставувал замена за ветеранот Фернандињо, за кого Гвардиола веќе извесно време бара замена.

Рорди уште во својата прва сезона во дресот на Јорганџиите се покажа како полн погодок, а Симеоне го доведе од Вилјареал за „само“ 20 милиони евра. Добрите партии му обезбедија и место во селекцијата на „Црвената фурија“, а сега ќе може да ја наполни касата на клубот од Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести