Манчестер Сити и официјално се откажа од трката по потписот на Деклајн Рајс од Вест Хем. Погледите на “граѓаните“ сега се насочени кон 21-годишниот фудбалер на Селта Виго и младински репрезентативец на Шпанија, Габриел Веига.
Шпанецот во моментов е далеку поефтина варијанта од Рајс, па понудата на Сити за неговите услуги до Селта Виго изнесува “само“ 40 милиони евра. Оваа сума е далеку помала од понудените и одбиените од страна на Вест Хем 90 милиони фунти за Рајс.
Веига за правата екипа на Селта има одиграно 49 натпревари, додека 63-пати настапил за “Б“ тимот на клубот од Виго.