Сити се погдотвува за ерата после Пеп: Наследникот на Гвардиола веќе е познат

Договорот на Пеп Гвардиола со Манчестер сити завршува на крајот од тековнава сезона, а во моментов нема никаква најава дека ќе биде продолжен, но нема ниту потврда дека ќе дојде до прекин на соработката. Веројатно многу работи ќе зависат со „судењето на векот“, во кое „граѓаните“ се обвинети по 115 точки за прекршување на финансискиот фер-плеј и им се заканува драконска казна.

Сепак, англиските медиуми најавуваат дека наредното лето ќе дојде до промена на клупата на Манчестер сити, а наследник на Пеп Гвардиола ќе биде Чаби Алонсо. Тренерот кој минатата сезона правеше чуда со Баер Леверкузен ги одби Баерн Минхен и Ливерпул, а се чинеше дека е најблиску до клупата на Реал Мадрид, како наследник на Карло Анчелоти. Сепак, се чини дека токму Чаби Алонсо нема да може да ја одбие понудата на „граѓаните“ и ќе се пресели во една од најмоќните екипи во светот со која ќе атакува на сите трофеи во Англија и во Европа.

- Оглас -

Најнови вести