Манчестер сити ќе може да настапи во Лигата на шампионите следната сезона. Најдена е дупка во законот која им овозможува на Граѓаните да бидат дел од европската елита.
Наводно, доколку Сити со поднесената жалба до Судот на спортска арбитража побара случајот да биде третиран како посебен, тоа значи дека казната од УЕФА ќе биде замрзната додека случајот целосно не се разреши. Според распоредот на случаи во Судот за спортска арбитража, првото сослушување околу казната на Сити може да се случи дури во почетокот од 2021 година, па затоа управата на клубот мора побрзо да одлучи дали ќе бара посебен третман.
Во спротивно, Сити дефинитивно нема да се појави во ЛШ во сезоната 2020/21 бидејќи квалификациите стартуваат во јуни, а ждрепката за групната фаза е предвидена на 27 август.