Сити со 100-милионска понуда за Кејн плус играчи по избор на Тотенхем

Манчестер сити испрати официјална понуда до Тотенхем за услугите на Хари Кејн во вредност од неверојатни 100 милиони фунти.

Воедно Петлите може да бираат кои играчи на Граѓаните да ги добиjaт за возврат, што значи дека трансферот би ја надминал астрономската сума доколку се реализира.

Што се однесува до управата на Тотенхем, уште пред извесно време беше испратена јасна порака до гигантите дека Кејн не е на продажба, иако напаѓачот на Англија посакува да си замине од клубот каде што прерасна во врвен голгетер.

Дали оваа понуда ќе се прифати, останува да се дознае по завршувањето на Европското првенство, на кое сè уште се чека блесок на Кејн, кој е во улога на капитен на Гордиот Албион. Доколку Кејн се пресели на „Етихад“, дебито за Сити ќе го запише токму против Тотенхем, во дербито од првото коло во новата сезона на Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести