Манчестер сити е клубот кој доминира во англискиот фудбал во последните неколку години. Граѓаните нижат трофеи во своите витрини, а секако дека и во новата сезона ќе бидат главни фаворити за освојување на нови пехари.
Во пресрет на новата сезона, Сити го промовираше новиот гостински дрес, кој е инспирација од успесите на клубот во минатото. Кога ќе играат на гости, фудбалерите на Сити ќе носат црвено-црн дрес во пругаста варијанта, а тоа ќе биде во чест на успесите постигнати пред повеќе од 50 години.
Вакви слични црвено-црни дресови носеле играчите на Сити во 1969 година, кога го освоиле ФА купот, што во тоа време бил еден од најголемите успеси во историјата на клубот. Тие дресови биле среќни и следната година кога Граѓаните триумфираа во Купот на куп-победниците. Ова е и единствен европски трофеј на Сити во клупската историја.
Главната цел на Сити во следната сезона ќе биде освојување на Лигата на шампионите, нешто што го очекуваат неколку години, но никако да стигнат до тронот.
A City classic, reborn 🖤❤️
Our 2022/23 @pumafootball Away Kit has arrived
Available now!
— Manchester City (@ManCity) July 19, 2022