23.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Сити со историски пенал на „Олд Трафорд“, Халанд покажа кој е главен во Манчестер (Видео)

Манчестер сити на гости го победи Манчестер јунајтед со 3:0, во дербито на 10. коло во Премиер лигата. Со оваа победа Сити стигна до 24 бодови и се израмни по бројот на поени со Арсенал кој е втор на табелата. Лидер е Тотенхем со 26 бодови.

Ерлинг Халанд покажа дека знае да биде клучен играч и на дерби дуели. Во 26 минута по сиганлизација од ВАР собата беше досуден пенал за гостите, а Халанд беше прецизен од белата точка.

Овој пенал за Сити е историски затоа што е прв пат да добијат пенал на „Олд Трафорд“ во Премиер лигата. Ова е 27-мо премиерлигашко гостување на Граѓаните кај градскиот ривал.

На почетокот на второто полувреме, Бернардо Силва одлично продре по страничниот дел и пота нафрли директно на главата на Халанд, а голгетерот без многу мака погоди за 2:0 во 49 минута.

Сити продолжи да напаѓа и тоа резултираше и со трет погодок во мрежата на Андре Онана. Овојпат Халанд асистираше, а Фил Фоден ја затресе мрежата на Јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести