Сити со пола сила го урна Хадерсфилд

Манчестер сити ја продолжи низата победи во Премиер лигата на четири меча, откако со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Хадерсфилд. „Граѓаните“ без многу мака ги совладаа „териерите“, па одново се вратија на -4 бода разлика во однос на лидерот Ливерпул.

За помалку од 20 минути гостите стигнаа до водечкиот гол, го постигна Данило по асистенција на неговиот колега според позиција, Кајл Вокер. Доминацијата на Сити продолжи и во вториот дел, па со тоа дојдоа и останатите погодоци. Во 54-тата минута Стерлинг ја зголеми предноста, додека Сане по асистенцијата на Англичанецот се запиша и во листата на стрелци, само две минути подоцна и го постави конечниот резултат.

Хадерсфилд го претрпе и 10-от пораз на последните 11 средби во англискиот шампионат, па со само 11 бода се наоѓаат на последното место на табелата и тие се први конкуренти за испаѓање од елитата.

 

- Оглас -

Најнови вести