32.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Сити со постигнување кое го нема ниту еден друг клуб освен Реал Мадрид

Манчестер сити отвори уште едно ново поглавје кон остварување на нивната најголема желба, а тоа е освојување на Лигата на шампионите. Граѓаните минатата сезона загубија во финалето, што останува нивен најголем успех во елитното натпреварување на УЕФА.

Во новата сезона, Сити тргна убедливо, со победа од 6:3 против Лајпциг. За Сити ова е вкупно 50-та победа во мечеви од Лигата на шампионите, и тоа остварена само во 91 одигран натпревар. Со овој триумф, Граѓаните се вториот најбрз клуб кој стигнал до оваа бројка од 50 триумфи. Само Реал Мадрид побрзо има стигнато до 50 победи во елитното натпреварување, и тоа во 88 средби.

 

- Оглас -

Најнови вести