5.8 C
Skopje
вторник, 17 февруари 2026

Сити водеше 5-1, а во последните 20 минути се тресеше дека може да остане без победа

Манчестер сити победи на гости кај Фулам со 5-4 во луд меч дури со девет погодоци. Сити водеше со 3-0 и 5-1, но предвреме се опушти и веќе во 78-мата минута беше 5-4, па во последните 20-тина минути тимот на Пеп Гвардиола стравуваше за трите бода.

Граѓаните за малку ќе го упропастеа рекордот на Ерлинг Халанд, кој даде гол за 1-0 и тоа беше негов 100-ти погодок на 111 настапи во англиската лига.

Инаку во Премиер лигата уште од мај 2013, кога ВБА и Манчестер јунајтед одиграа 5-5, не е видено на еден меч да паднат десет гола. Последен пат кога Фулам дома дал три или повеќе голови, а не победил, беше во 2007, исто така против Сити.

Со оваа победа второпласираниот Сити дојде само на два бода негатива зад лидерот Арсенал, кој има и еден меч помалку (утре игра дома со Брентфорд).

- Оглас -

Најнови вести