Сити за да го задржи Гвардиола, подготвен е да плати 300 милиони евра за двајца играчи

Со доаѓањето на Пеп Гвардиола за тренер на Манчестер сити, овој тим стана доминантен во Англија. Сити стана првиот клуб кој успеа да освои четири титули во низа во Премиер лигата, а и оваа сезона е главен фаворит за одбрана на тронот.

Актуелниот договор на Гвардиола со Сити му истекува во јуни 2025 година, односно на крајот од оваа сезона. Шпанскиот стратег најави дека ќе си замине од клубот, но Граѓаните ќе се обидат на секој начин да го премислат.

Сити е подготвен да му понуди нов договор на Гвардиола според кој ќе заработува неверојатни 20 милиони евра по сезона, но тоа нема да биде сѐ. Англискиот првак е подготвен да одвои и 300 милиони евра за нови засилувања, и тоа само за двајца играчи.

Се работи за две ѕвезди од Бундеслигата, Џамал Мусијала од Баерн Минхен и Флоријан Вирц од Баер Леверкузен. Доколку тоа се случи, Сити сигурно само уште повеќе ќе ја зацврсти доминацијата во Премиер лигата, но има уште време да видиме дали оваа најава е остварлива.

- Оглас -

Најнови вести