Сити загуби од Ал-Хилал, но лошата вест за Гвардиола дојде дури по натпреварот

Поразот од Ал-Хилал беше тежок удар за Манчестер сити, но уште поголема грижа за Пеп Гвардиола донесоа вестите по натпреварот, откако Родри повторно се пожали на повреда.

Шпанскиот стратег потврди дека неговиот клучен играч почувствувал болка и побарал замена, што предизвика сериозна загриженост, особено бидејќи Родри само пред еден месец се врати на терен по долга пауза поради тешката повреда на коленото.

„Не може да биде полошо од ова… Родри кажа дека повторно почувствувал болка. Се чини дека ситуацијата е посериозна отколку што изгледаше на прв поглед. Ќе видиме точно кога ќе ги направи деталните прегледи“, изјави Гвардиола.

Фудбалерите на Манчестер сити се враќаат во Англија по елиминацијата од Светското клупско првенство, а прегледите на Родри се закажани за утре. Дотогаш, останува неизвесно колку време ќе биде надвор од терените.

Олеснителна околност за шпанскиот репрезентативец е што следува кратка пауза пред почетокот на подготовките за новата сезона. Единствената надеж е дека оваа повреда сепак не е толку сериозна како претходната.

- Оглас -

Најнови вести