Ситна повреда на коленото го оддалечува Ирвинг од Олстар спектаклот

Ѕвездата на Бостон селтикс, Кајри Ирвинг ги истегна лигаментите на десното колено во саботниот пораз од Клиперс, но по првите медицински прегледи утврдено е дека нема потреба за паника бидејќи повредата не е сериозна. Сепак, за да се спречат било какви компликации, медицинскиот тим на Бостон будно ќе го следи закрепнувањето на Ирвинг со цел да му дадат зелено светло да настапи на претстојниот Олстар викенд, кој ќе се одржи во Шарлот.

Плејмејкерот на „келтите“ се повреди на околу четири минути пред полувремето, а без него Бостон испушти предност од 28 поени против ЛА клиперс и претрпе болен пораз од 123:112.

Сезонава Ирвинг бележи просек од 23,8 поени, седум асистенции и шест скока по натпревар, додека Бостон по 56 меча се петти во Источната конференција со учинок од 35 победи и 21 пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести