Тренингот на македонската репрезентација мина во одлична атмосфера, која не ја расипа ниту попладневниот дожд во Скопје.
Иако има многу проблеми речиси со цел тим отсутни и ќе играме против репрезентацијата што апсолутно нè надигра во Скопје, кога и нè победи со 4:1, сепак нашите репрезентативци нема да се предадат.
На „Ернст Хапел“ Македонија нема што да загуби бидејќи реално шансите за пласман на ЕП 2020 преку квалификациите се минимални. На Австрија ѝ одговара реми против нас или на последниот нивен меч против слабата Летонија за да им се приклучи на Полјаците, кои веќе се патници на ЕП.