Ситуацијата е алармантна: Игрите во Токио под закана да се откажат

Организаторите на Олимписките Игри поради пандемијата со корона-вирусот беа приморани да го одложат глобалниот спортски собир во Токио за оваа година, но се чини дека заканата е голема за дефинитивно откажување.

Ситуацијата со ковид-19 е алармантна во Јапонија, а особено новиот бран го зафати главниот град. Околу 500 новозаболени секојдневно се регистрираат во Токио, што прави голем проблем за одржување на ЛОИ.

Упрниот одбор на Олимписките игри во наредните триесетина дена ќе донесе дефинитивна одлука, а доколку постои шанса да се одржат игрит во Токио, ќе биде тоа без пристуство на публика во спортските арени.

Доколку Олимписките Игри кои беа планирани за 2020 година се откажат, ќе се чека до 2024 година за наредниот глобален спортски собир за кој Париз ќе биде домаќин.

- Оглас -

Најнови вести