Седумкратниот шампион на Франција, Лион, се наоѓа во големи проблеми и доколку не ги плати сите долгови до крајот на сезоната, му се заканува исфарање од Лига 1. Лион должи околу 505 милиони евра по сите основи, но сопственикот на клубот, Џон Текстор, за таквата ситуација го обвинува ПСЖ и нивните катарски сопственици.
Текстор иако не ги негира информациите дека клубот има големи долгови, тој го обвинува раководството на професионалните лиги на Франција дека правилата не важат исто за сите и одлуката за исфрлање е донесена под притисок на сопствениците на ПСЖ.
Лион оваа сезона игра изненадувачки добро и во моментов е на петтата позиција со 18 бодови. Вакво сценарио му се случи на друг славен француски клуб, Бордо, кој беше исфрлен во аматерска лига.