Синот на Кристијано Роналдо дебитираше за репрезентацијата на Португалија на турнирот „Влатко Марковиќ“ во Чаковец, Хрватска, а денес го постигна и првиот погодок во националниот дрес.
Настапите на Роналдо Јуниор привлекоа големо внимание во Хрватска, па мечот против Англија го следеа дури 1.500 гледачи, што е одлична бројка за натпревар на репрезентации до 15 години.
Роналдо Јуниор деби голот го постигна во финалето на турнирот и тоа против домаќинот Хрватска, а прослави во стилот на неговиот славен татко со популарното „сиу“.
El primer gol de Júnior, hijo de Cristiano Ronaldo, con Portugal sub-15. pic.twitter.com/jpp7XZEov0
— Juan Carlos Rodríguez dos Santos (@juancarlosrds) May 18, 2025
Португалија на крајот ја победи Хрватска со 3-2, а Роналдо јуниор погоди двапати.