„Скакулците“ предизвикаа хаос и прекинаа меч во Швајцарија (Видео)

Грасхоперс е блиску до испаѓање од швајцарската Суперлига, а неговите навивачи не можеа да се помират со реалноста, па вечерва предизвикаа инцидент по кој нивниот клуб ќе има дополнителни проблеми. На мечот помеѓу Сион и Грасхоперс, домашните водеа со 2-0, и на почетокот на второто полувреме се случија нереди.

Инцидентот го предизвикаа навивачите на екипата од Цирих. Тие и во 32 минута на кратко го прекинаа дуелот, а при повторување на палењето факели и нивно фрлање на терен, трпението на судијата попушти, и после десетминутно чекање, реши да го прекине мечот.

- Оглас -

Најнови вести