8.8 C
Skopje
сабота, 6 декември 2025

Скалони: Групата на Аргентина не е лесна како што делува на прв поглед

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, го сподели своето мислење по жрепката за Светското првенство 2026 година.

Аргентинците, кои ќе ја бранат титулата, завршија во групата Ј, каде што ќе се соочат со националните селекции на Австрија, Алжир и на Јордан.

„Алжир е добар тим, располагаат со одлични играчи. Австрија, од своја страна, одигра фантастични квалификации и исто така е тежок противник. Јордан е најмалку познатиот тим, но ако се тука, значи има причина за тоа. Тоа е група во која треба да го дадеме најдоброто од себе и да се обидеме да обезбедиме пласман во следната рунда“, изјави Скалони.

Светското првенство 2026 ќе се одржи следното лето на територијата на три држави, САД, Канада и Мексико. На турнирот ќе учествуваат 48 национални селекции.

- Оглас -

Најнови вести