Скандал: Членови на делегацијата на Црвена ѕвезда и новинари од Србија физички нападнати во Задар

Голем скандал се случил доцна синоќа во Задар, каде во два одвоени инциденти се нападнати членови на раководството на кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда и двајца новинари од Србија.

Најпрво со маскирани лица нападнати биле член на управниот одбор на Црвена ѕвезда и пријател на клубот, како што се вели во клупското соопштение на белградските “црвено-црни“, а потоа исто така од маскирани лица и двајца новинари од Србија кои биле дојдени да го следат мечот од јадранската АБА лига помеѓу Задар и Црвена ѕзведа.

Од таборот на “црвено-белите“ обвинуваат дека нападите се организирани од страна на едно исто лице, односно таксистот кој ги возел од аеродромот до хотелот и побараа натпреварот да се игра без публика, бидејќи се загрижени за својата безбедност.

Веднаш стигна осуда и од КК Задар за немилите инциденти, како и АБА лигата, но во моментов нема одлука дека мечот ќе се игра без присуство на гледачи, бидејќи се работи за изолирани случаи.

До сега се продадени околу 6.500 билети за денешниот меч, а навивачите на Задар очекуваат дека и останатите околу 2.5000 билети ќе се продадат и ќе направат пекол за кошаркарите на Црвена ѕвезда во салата “Крешимир Ќосиќ“ која има капацитет за 9.000 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести