Фудбалот во Црна Гора веќе неколку дена го тресе голем скандал, кој се случи на натпреварот помеѓу Младост и Дечич. Дуелот заврши со победа од 3-0 на гостите од Тузи, но спорен е погодокот за водство од 0-1 во судиското продолжение на првото полувреме.
Фудбалерот на Младост, Звонко Чеклиќ, лошо реагираше, па му остави простор на Бојан Матиќ да погоди, а ваквата реакција од црногорската јавност е отценета како намерна. Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора веќе покрена постапка против Чеклиќ, кој е суспендиран до носење на конечна одлука, но сега со своја реакција се јави и легендарниот Дејан Савичевиќ.
Тој како претседател на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора случајот го пријавил и во полицијата и во државното обвинителство, па сега се очекува реакција и од таму, со што овој случај може да добие и поинакви размери.