Дуелот од азиската Лига на шампиони помеѓу Сепахан од Иран и Ал-Итихад и дефинитивно нема да се одигра откако стигна наредба од Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија клубот веднаш да го напушти Иран и да се врати дома.
Според информациите од Иран, од Ал-Итихад се подготвени веднаш да се вратат дома, но очекуваат како ќе се одвива безбедносната состојба на Блискиот Исток.
Оваа наредба на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија важи и за екипата на Ал-Хилал, која утре требаше да го одигра натпреварот против Насажи Масандаран од Иран. И експедицијата на Ал-Хилал веќе е во Иран, па и тие ќе мора да се вратат назад без да одиграат натпревар.
Проблемот на релација помеѓу Иран и Саудиска Арабија настана откако екипата на Ал-Итихад одби да игра на стадионот во Исфахан, на којшто имаше поставено биста од загинатиот ирански генерал Ќасем Солемани.