Пред точно шест години, односно во септември 2013 година, се случил еден од најчудните инциденти во Премиер лигата. Ливерпул успеал да ја хакира скаутската служба на Манчестер сити, открива еден од најпознатите светски весници, „Тајмс“.
Манчестер сити ангажирал стручњаци за компјутерска контрашпиунажа и биле потврдени сомнежите. Тројца скаути кои работеле во Сити, а подоцна заминале во Ливерпул, повеќе од 100 пати влегувале во составот на Граѓаните – Scout7. Еден од тројцата осомничени дека го извршил хакерскиот напад е сегашниот спортски директор на Ливерпул, Мајкл Едвардс.
За овој скандал, Ливерпул се сложол да плати еден милион фунти на Сити, но под еден услов, а тоа е работата да не заврши на суд и сите тројца инволвирани во целиот инцидент, никогаш јавно да не ја признаат вината.