Скандалот кој го предизвикаа Интер Мајами и Лионел Меси на азиската турнеја во Хонк Конг продолжува да се шири и да зафаќа поголеми размери. Навивачите беа бесни бидејќи аргентинецот не настапи на дуелот против селекцијата на ѕвездите од Хонк Конг, па после бројните реакции, организаторот на мечот одлучи да им врати половина од парите кои ги платиле за влезниците.
Но, сега нов скандал доаѓа од Кина, а е поврзан со споменатата турнеја на Интер Мајами. Во март во Кина требаше да се одигра пријателски меч помеѓу Аргентина и Нигерија, кој е организација на аргентинскиот Фудбалски сојуз и приватна компанија од Кина, но овој натпревар е откажан од страна на кинескиот организатор. Со ова кинезите им откажа гостопримство на аргентинците, во страв дека Меси нема да игра, а тоа ќе предизвика нови негодувања на навивачите, но и финансиски загуби за организаторот.
За потсетување, Лионел Меси играше на следниот меч од азиската турнеја во Јапонија, па кинезите дури одат до таму што велат дека тој не играл во Хонк Конг од политички причини.