Европското младинско бокс првенство на Златибор, Србија, заврши скандалозно, откако во финалната борба во категоријата до 75 килограми физички беше нападнат македонскиот судија Стефан Цубалевски.
Во финалето боксуваа Виктор Мајсторовиќ од Србија и Јусуф Агакишијев од Азербејџан, а токму тренерот на Азербејџанецот во еден момент влета во рингот и најпрво од зад грб го оттурна македонскиот судија, а потоа и физички го нападна.
Мечот веднаш беше прекинат, а боксерот од Азербејџан беше дисквалификуван.