Претседателот на кошаркарскиот клуб Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, направил вистински скандал за време на полувремето од полуфиналниот меч против Фенербахче на Ф4 турнирот во Евролигата.
По нервозното издание на неговиот тим, кој загуби и ќе игра за третото место, Јанакопулос, видно незадоволен од судењето, ги пресретнал судиите додека го напуштаа теренот на полувремето и вербално ги нападнал. Според информациите, дури влегол и во судиската соблекувална за да им „испрати порака“.
#olympiacosbc pic.twitter.com/Ue0lMFLRSx
— No Number 10 (@no_number10) May 23, 2025
Но тука не завршува сѐ. Првиот човек на „зелените“ имаше и жестока вербална пресметка со навивачите на најголемиот ривал Олимпијакос, кои се многубројни во „Етихад арената“. Откако беше навредуван од трибините, Јанакопулос им возврати со гест со два средни прста.
Натпреварот не го гледаше до крај од трибините – вториот дел од мечот го помина во тунелот.
Очекувано, овој инцидент би можел да донесе и санкции од Евролигата, бидејќи упад во судиска соблекувална и недолично однесување кон навивачи се сериозни прекршувања на дисциплинските правила.