Рома и Феенорд во моментов го играат реванш-натпреварот од четвртфиналето на Лигата на Европа. Холанѓаните имаат предност од 1-0 од првиот натпревар, но она што го привлече вниманието во првото полувреме е скандалот во кој учествуваше помошникот на Мурињо, Салваторе Фоти. Тој во 32-та минута од натпреварот го удри мексиканскиот интернационалец Хименез. Секако дека главниот судија веднаш му покажа црвен картон и го испрати во поттрибинскиот простор.