32.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Скандал на првиот тренинг на Барселона

Барселона ги започна подготовките за новата сезона, а шпанските медиуми веќе објавуваат дека избувнал скандал бидејќи еден од членовите на првиот тим намерно не се појавил на првиот тренинг со остатокот од тимот и решил да остане во салата за вежбање иако тоа не било планирано.

Фудбалерите на каталонскиот клуб ги поминаа лекарските прегледи, а 35-мина играчи се појавија на првата прозивка на тренерот Ханси Флик. Сепак, шпанските медиуми објавуваат дека првиот тренинг поминал со скандал затоа што еден од играчите на првиот тим на Барселона не се појавил на теренот со остатокот од тимот и не ја објаснил причината за својот потег.

Се работи за голманот Марк-Андре тер Штеген, кај кого сè се смени во Барселона само за неколку недели. Германскиот чувар на мрежата го загуби местото за прв голман, а Барселона летово го донесе и Жоан Гарсија од Еспањол. Тука остана и Војќех Шченсни, па Тер Штеген доби јасна порака дека веќе е непотребен во клубот.

Германскиот голман кој повеќе од 10 години е во Барселона беше бесен и разочаран од таквата одлука на клубот. На Тер Штеген дури му беше одземен и дресот со број 1, кој во новата сезона ќе го носи Гарсија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести