Скандал на стартот од сезоната: Арсенал и Нотингем не почнаа во предвидениот термин

Мечот меѓу Арсенал и Нотингем Форест требаше да започне во 13:30 часот, но тоа не се случи. Организаторот одлучи дуелот да започне со 30 минути задоцнување и тоа поради еден неверојатен пропуст.

Системот за е-влезниците на стадионот е расипан и околу 35.000 навивачи на Арсенал не можеа навреме да дојдат до трибините. Според најавите, целиот проблем треба наскоро да биде решен и средбата да започне во 14 часот.

Топчиите се големи фаворити за победа на овој дуел.

- Оглас -

Најнови вести