Скандал на тениски меч: Гарин топчето двапати го шутна во аут, а ги доби поенот и мечот (Видео)

На тенискиот турнир во Есторил, се случи голема драма и скандал каков ретко се гледа на терените.

Во четвртфиналниот меч, Кристијан Гарин во средината на вториот сет сервираше со надеж дека ќе спаси брејк топка која ја има неговиот противник Нуно Боржес.

При размената на удари, во еден момент по удар на Гарин од основната линија, некој од публиката викна „аут“, но Боржес продолжи да игра и потоа застана. Топчето дојде кај Гарин, кој шутна силно и топчето заврши во аут. А, судијата на столче му додели поен на Гарин. Чилеанецот ги доби спорниот поен, а подоцна и сетот и мечот.

Боржес ја заокружи трагата од првиот удар со намера да докаже дека навистина било аут како што помисли некој од публиката, но не и линискиот судија. Беше повикан и супервизорот, но одлуката остана иста, поен за Гарин.

На никого не му е јасно зошто судијата не досуди барем повторување на поенот, и зошто не отиде да ја погледне трагата каде паднало топчето, туку поен му додели на играчот кој можеби топчето го испрати во аут.

Гарин тврдеше дека двајцата застанале откако некој викнал „Аут“ и дека затоа при вториот форхенд шутнал во аут, мислејќќи дека поенот е претходно завршен.

- Оглас -

Најнови вести