Младата турска ѕвезда Арда Ѓулер повторно е во фокусот на вниманието. Ѓулер блесна во првото коло кога даде прекрасен гол, кој беше клучен во победата над Грузија (3:1). Тогаш, дури и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган му се јави да му честита за успехот.
Разочарување беше кога Ѓулер не беше во стартниот тим за дуелот против Португалија во поразот од 0:3. Играчот на Реал Мадрид во игра влезе во последните 20-тина минути кога мечот беше решен.
Сега, во пресрет на решавачкиот трет меч против Чешка, Ѓулер е во центарот на вниманието. На последниот тренинг Ѓулер зема еден од маркерите за тренинг, а потоа веднаш реагираше селекторот Винченцо Монтела, кој му го одзема маркерот и го прати тинејџерот да работи индивидуален тренинг.
I'm hearing Turkey coach took Arda's jersey and sent him to train alone before Czechia game. It's unacceptable if it's true. pic.twitter.com/j4ZjJeXbGI
— Dr Yash (@YashRMFC) June 23, 2024
По појавувањето на таа снимка, селекторот Монтела стана цел на многу напади од навивачите кои сакаат да го видат Ѓулер на теренот од првата минута против Чешка. Стигна реакција и од турската федерација која застана во одбрана на Монтела.
„Многу реакции предизвика снимката која се појави од тренингот, но факт е дека пред тренингот постоел договор меѓу стручниот штаб и Ѓулер дека играчот треба да работи индивидуален тренинг поради болките што ги чувствувал на препоните. Тој тренинг не бил планиран за Арда и затоа репрезентативецот беше сместен во делот за индивидуален тренинг“, стои во објаснувањето од фудбалската федерација на Турција.