11.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Скандал на ждрепката донесе пекол за Њукасл

Изминативе неколку дена се одиграа мечевите од второто коло во Лига купот на Англија, попознат како Карабао куп. Победниците веднаш беа дел од ждрепката за третото коло, а таму се случи еден неочекуван скандал.

Во овој куп, традиција е клубовите да бидат наредени по абецедата и така да ги добијат броевите по кои подоцна се избрани и го добиваат следниот ривал. Токму во рангирањето на клубовите по бројките беше направена грешка. Норвич е ставен пред Њукасл, иако требаше да биде обратно според абецедата. За Њукасл беше загарантиран бројот 20, а Норвич ја доби 19-ката.

Со 20-ка како реден број, Њукасл за противник го доби најтешкиот можен противник – Манчестер сити. Актуелниот англиски првак треба да гостува кај Њукасл во третото коло од овој Куп, а дуелот е закажан за 25 септември.

Во Њукасл се жалеа поради грешката во рангирањето на броевите затоа што ако беше правилно, за Њукасл ќе беше бројот 19, а Норвич со 19-ката за противник го доби Фулам.

Од Њукасл најавија дека ќе сакаат да се коригира оваа ждрепка и да се наместат вистинските броеви на сите клубови, но од ФА засега нема никаков одговор.

- Оглас -

Најнови вести