Скандал пред хотелот каде се сместени играчите на Реал (Видео)

Навивачите на Ајакс се обидоа да им го растурат сонот на фудбалерите на Реал Мадрид, со тоа приредиле огномет и палеле други пиротехнички средства во периодот од 2.30 до 4 часот утрово. Малата група се собрала околу хотелот Окура и почнала да пука, со цел да не им дозволи на играчите да спијат и да одморат.

Вработените во хотелот повикале полиција, но дури во 4 часот бил расчистен теренот. Во акцијата за апсење на четворицата нарушувачи на јавниот ред и мир, учествувале и луѓе од обезбедувањето на Реал.

За време на појадокот утрово, пукањето била главна тема меѓу фудбалерите на европскиот првак, кои сега знаат каква атмосфера ќе ги чека вечер од 21 часот. Ова не е прво вознемирување на „кралевите“ додека спијат, истото се случи и лани во Париз, кога гостуваа кај ПСЖ, истотака од осминафиналната фаза. Вознемирувањето не вроди со плод, бидејќи Реал без проблем го елиминираше ПСЖ.

https://twitter.com/i/status/1095590531667775489

- Оглас -

Најнови вести