Скандал пред квалификациите за СП, Норвежаните децидни: Не сакаме да сме во иста група со нив!

Европските квалификации за пласман на Светското првенство во 2026 година ќе започнат за само три месеци, а неодамна беа одбрани и групите. Иако има уште време до стартот на квалификациите, во една од групите веќе има проблем.

Се работи за групата во која ќе бидат поразениот од Италија – Германија, потоа Норвешка, Израел, Молдавија и Естонија. Норвешката фудбалска репрезентација ретко кога е дел од големи натпреварувања. Последен пат тоа беше на ЕП 2000 година, а на Мундијал последен пат играше во 1998 година во Франција.

Норвежаните се надеваат дека сега може да стигнат до место на завршницата во 2026 година, но веќе се пожалија на еден проблем. Тие не сакаат да бидат во иста група со Израел и тоа поради настаните кои се случуваат на Блискиот Исток.

„Ждрепката е тешка за нас, но освен од чисто спортски аспект, никој не може да остане рамнодушен на жестоките напади кои Израелците веќе подолго време ги насочуваат кон цивилното население во Појасот Газа. Го поддржуваме барањето на норвешката влада за итен прекин на огнот во тоа подрачје, а ние не сакаме да играме против Израел“, рече претседателката на фудбалската федерација на Норвешка, Лиса Клавенес.

Норвежаните бараат Израел да добие исти санкции како руската фудбалска федерација која нема право да испрати национален тим во квалификациите за Сп 2026.

ФИФА објави дека дуелите меѓу Израел и Норвешка ќе се играат на 25 март и 11 октомври следната година.

 

- Оглас -

Најнови вести