Еден од четирите најпрестижни тениски турнири во светот, Ролан Гарос официјално започнува в недела. Турнирот на кој се добива „кралот“ на земјена подлога може да има негативна увертира, поради сомнеж за два наместени мечеви во квалификациите, пренесува Лекип.
Полицијата покрена истрага за дуелот пред четири дена меѓу Дуди Села од Израел и Бернабе Запата Миралес од Шпанија (3:6, 0:6), како и за мечот меѓу Тијаго Монтеиро и Тенис Сандгрен.
Posible amaño en Roland Garros: investigan a Dudi Sela tras su partido frente al español Bernabé Zapata https://t.co/bstLVZQGcp
— 20minutos.es (@20m) May 20, 2022
Села и Миралес привлекоа сомнеж поради екстремно лошата игра на Израелецот во вториот сет, кога имаше и неколку несфатливи потези. Токму на тој сет се забележани зголемен број на уплати во живо и тоа од Кипар, Ерменија и Украина.
Засега нема официјално товорена истрага за вториот дуел меѓу Монтеиро и Сандгрен, каде имаше неверојатен пресврт. Бразилецот водеше со 6:3 и 5:1, но потоа вториот и третиот сет ги загуби со по 7:6.