Барселона доживеа изненадувачки пораз од Жирона со 2-1 по контроверзна судиска одлука пред победничкиот гол во финишот на натпреварот.
Барселона е на нозе. Каталонија зборува за „грабеж“ што ја остави Барса без бодови на гостувањето кај соседот од Жирона.
При вториот погодок на Жирона, Клаудио Ечевери нагази на стапалото на Жил Кунде. Судијата Цезар Сото Градо не досуди прекршок, а не реагираше ниту ВАР-собата. Поради тоа во Барселона владее голем гнев.
This is gironas second goal btw ? 🤣🤣 this laliga men pic.twitter.com/Y67JNNAdqB
— Playwithtomide__ (@playwithtomide) February 16, 2026
Фудбалерот на Жирона призна дека судијата без проблем можел да покаже прекршок.
„Да, нагазив на стапалото на Кунде. Сепак, беше во брзина и не го направив тоа намерно. Ќе разберев ако судијата досудеше прекршок“, изјави играчот на Жирона, Клаудио Ечевери.
И тренерот на Жирона, Мичел, смета дека можел да биде досуден прекршок.
„Мислам дека судијата можеше да досуди прекршок. Сепак, сметам дека ВАР-собата постапи правилно. Клаудио немаше намера да го повреди. Ако судијата свиреше на терен, ќе беше во ред, но ВАР никако.“
Поранешниот судија Естрада Фернандес наведе дека одлуката е огромен скандал и дека некој треба да сноси одговорност.
„Изненаден сум и шокиран од одлуката. Некој од Судискиот комитет мора да поднесе оставка.“
Шпанскиот весник „АС“ тврди дека Судискиот комитет исто така признал грешка во овој случај. Но, сега веќе е предоцна.
„Судискиот комитет призна дека можел да се досуди прекршок над Кунде и да се поништи голот на Жирона“, наведува „АС“.
Барселона не може да ги врати бодовите. Загубен е најмалку еден, а во Каталонија за сè го обвинуваат најголемиот ривал Реал Мадрид и неговото влијание врз судиите.
Во Барселона не го кријат огорчувањето. Каталонските медиуми потсетуваат на низа слични ситуации во кои, според нив, клубот бил оштетен. Навивачите ги преплавија социјалните мрежи со снимки од спорната ситуација, уверени дека Барса повторно ја платила цената на судиските пропусти.

