Светската антидопинг агенција, ВАДА, сред Олимписките игри во Париз открива голем скандал кој е поврзан со спортистите од САД. Според нив, Американската антидопинг агенција, УСАДА, открила допингувани спортисти и не презела ништо, не ги санкционирала и им дозволила да се натпреваруваат. Обвинувањата одат до таму што Американците ги терале своите спортисти кои биле фатени дека користат допинг да ги шпионираат останатите кои користат недозволени средства.
Од УСАДА не ги демантираат обвинувањата, но велат дека ВАДА била целосно запознаена што се случува и не презела ништо. Со ова се доведува под знак прашалник и регуларноста на многу натпреварувања кои се одржаа од 2011 до денес бидејќи според Светската антидопинг агенција ова се случувало во подолг временски период.
Колку за потсетување, руските спортисти беа суспендирани и им беше забрането учество на натпреварувања поради „допингување организирано од државата“, па без национални обележја можеа да се натпреваруваат само спортисти кои ќе докажат дека не користат недозволени супстанци.