Французинката Лоис Боасон иако многу послабо рангирана од Хериет Дарт, ја растури Британката со 6-0, 6-3 во 16-финалето на ВТА-турнирот во Руен, а за време на мечот се случи скандал каков што не се памети во историјата на тенисот.
За време на вториот сет, кога по еден гејм си ги сменија страните, Дарт побара од судијата да ѝ каже на противничката дека мириса лошо и дека ѝ треба дезодоранс. Ова злонамерно и непримерно барање се слушна на директниот пренос.
И покрај ова непочитување, Боасон на крај ѝ подаде рака на Дарт.
This is soooo… 😭 https://t.co/TmfPDlCDlx pic.twitter.com/Tltp5VzF1W
— LorenaPopa 🕵️♀️🎾 (@popalorena) April 15, 2025