Скандал во Африка: Судијата се бори за живот, додека фудбалерите до него ја слават победата (Видео)

Голем инцидент се случил на меч од Купот на ДР Конго, кога главниот судија бил нападнат од страна на навивачите на поразената екипа. Тој доби неколку удари во главата, па сега се бори за живот во болницата во Киншаса. Судијата е нападнат по завршувањето на пенал-серијата, а причината е недосуден пенал за домашната екипа во регуларниот дел од натпреварот.

Неименуваниот судија прво добива удар со нога во глава, но откако успева да се сокрие зад полицијата, добива удар со тупаница, по што губи свест.

Осудите одат и на сметка на победничката екипа, која ја слави победата додека неколку лица се обидуваат да го спасаст животот на судијата, кој неподвижно лежи на земјата непосредно до нив.

- Оглас -

Најнови вести