Група навивачи на Клуб Бриж нацистички салутираа на натпреварот од Суперкупот на Белгија против Унион Сен Жил, пренесоа белгиските медиуми.
Порталот „ДХ Лес Депортес“, кој ја објави снимката од инцидентот, наведува дека тоа се случило на крајот од натпреварот, кога навивачите на Унион ја пееле химната на Серкл Бриж, градскиот ривал на Клуб Бриж.
На снимката се гледаат најмалку двајца навивачи кои салутираат, додека навивачот кој го сними инцидентот наведува дека се слушало и расистичко имитирање на мајмунски звуци.
Унион Сен Жил, освојувачот на белгискиот Куп, го победи со 2-1 шампионот Клуб Бриж, во Суперкупот на оваа земја.
Is dit niet duidelijk genoeg? pic.twitter.com/E5WJD8128w
— Le Standard m'a rendu déprimé (@charlesleirman) July 21, 2024