Скандал во Белград, прекинато кошаркарското вечно дерби, се празни Арената! (Видео)

Навредите кон сопругата на претседателот на Црвена ѕвезда, Небојша Човиќ, и фрлени предмети на теренот се причината поради која е во прекин белградското дерби помеѓу Партизан и Ѕвезда од финалето на српската кошаркарска лига.

Гробарите ја навредуваа Весна Човиќ, а тоа го правеа уште погласно по предупредувањето од спикерот во салата кој бараше да прекинат со скандирањето.

По ова играчите на Ѕвезда се повлекоа во соблекувална, а и арбитрите го сторија тоа. Инаку, Партизан води со 57-45 на 7.55 минути до крајот на третата четвртина и не се знае дали средбата ќе продолжи.

Судиите побарале празење на трибините, само не е познато дали на целата сала или на дел од публиката.

- Оглас -

Најнови вести